Денеска беше промовирана најновата книга на академик Нада Поп Јорданова, „поезија и медицина – другата страна“, во издание на „Матица македонска“.

За книгата воведен збор имаа рецензентите, проф. Јелена Лужина и проф. Владимир Мартиновски, кои од сопствен агол дадоа видување на реткиот спој меѓу медицината и уметноаста, кој на прв поглед иако можеби изгледа апсурден, всушност има долга предисторија и бројни научни докази дека со векови опстојува во полза на човештвото.

Заблагодарувајќи се најнапред на убавите зборови од рецензентите, свое пригодно обраќање пред бројните присутни имаше и авторката Поп Јорданова.