Македонскиот писател Александар Прокопиев е еден од почесните гости на 14. Саем на книгата и фестивал на автори „Врисак“, што од 1 до 24 септември се одржува во Риека (Хрватска). Во книжарниците, но и во различни простори низ градот со голем саемски попуст ќе се продаваат книгите на хрватските и домашни издавачи.
Средишниот, фестивалски дел ќе се одржи од 12 до 19 септември во прекрасната Гувернерова палата, каде што на посебни вечери ќе бидат претставени регионалните автори Семезездрин Мехмединовиќ, Огњен Спахиќ, Драган Великиќ и други, а меѓу нив нашиот Прокопиев.
Инаку, ова е второ учество на Прокопиев на меѓународниот фестивал „Врисак“. Рецепцијата на неговите преведени книги и текстови во Хрватска, особено во последната деценија, е сè поголема и станува исклучително квалитетна.