Mакедонскиoт писател Александар Прокопиев е добитник на првата награда „Радмила Богојевиќ“, на истоимениот IV меѓународен конкурс за хаику распишан во Србија, организиран од страна на книжевникот Дејан Богојевиќ, на кој учествуваа дури 214 автори на хаику, од 33 држави од светот.

Меѓународното жири кое одлучуваше за наградите беше во состав: Душан Стојковиќ (Србија), Ранко Павловиќ (Босна и Херцеговина), Аленка Зорман (Словенија) и Нелица Ивановиќ Радовиќ (Црна Гора).

Втората награда на конкурсот ја поделија две авторки: Ан Каран од Нов Зеланд, и Зои Савина од Грција, додека третата награда ја поделија Дитмар Таухнер од Австрија, Драган Ристиќ од Србија и Вандана Парашар од Индија.

Награденото хаику на Прокопиев, кое ја понесе првата награда:

„Со грб на езеро
пребарува мејлови.
Странец на одмор.“