Вечерва во киното Мис Стон во Прилеп, со почеток во 18 часот ќе можат да се
проследат шест кратки филмови продуцирани од учесници во проектот „Синедиверзити“.

Филмовите се продуцирани после завршувањето на едукативните работилници за
правење на филм. 

Имено, овие филмови се дел од проектот „Синедиверзити” кој се одржува во Прилеп од почетокот на февруари. Целта на овој проект е да го доближи филмот до најмладото население во градот преку работилници за глумење, режија и снимање и „стоп моушн“. Ка.М.