Фото: Игор Бансколиев

Две но­ви кни­ги, „Пог­ле­ди кон све­тил­ни­кот“ од авто­ри­те Вен­ко Ан­до­нов­ски, Бил­ја­на Ван­ков­ска, Але­ксан­дар Рус­ја­ков, Са­шо Кле­ков­ски, Ефтим Клет­ни­ков и Ста­вре Џи­ков и „Ма­ке­до­ни­ја во рин­гот“ на глав­ни­от и од­го­во­рен уред­ник на вес­ни­кот, Але­ксан­дар Дим­ков­ски, во из­да­ние на НИК „Но­ва принт“, беа про­мо­ви­ра­ни во ка­фу­ле­то „Ка­при“, со што ре­дак­ци­ја­та на вес­ни­кот „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја све­че­но ја од­бе­ле­жа 10-го­диш­ни­на­та од об­но­ву­ва­ње­то на вес­ни­кот.

„Пог­ле­ди кон све­тил­ни­кот“ е збир­ка на нај­до­бри­те ко­лум­ни на ше­сте­ми­на ре­дов­ни ко­лум­ни­сти во вес­ни­кот. Во кни­га­та, по­крај ко­лум­ни­те, има и пис­ма до ре­дак­ци­ја­та од ми­тро­по­ли­тот по­вар­дар­ски Ага­тан­гел (Стан­ков­ски), Ми­лој­ка Кал­каш­ли­е­ва, Дра­ги Сте­фа­ни­ја и Ма­ри­ја За­ре­зан­ко­ваПо­тев­ска. На по­ве­ќе од две­сте стра­ни­ци се рас­пос­ла­ни автор­ски­те ви­ду­ва­ња на акту­ел­ни­те со­стој­би во Ма­ке­до­ни­ја, но и она што го оку­пи­ра вни­ма­ни­е­то на гра­ѓа­ни­те.

„Ма­ке­до­ни­ја во рин­гот“, пак, е де­ло што со­др­жи 120 ко­лум­ни об­ја­ву­ва­ни се­ко­ја са­бо­та, поч­ну­вај­ќи од 2014 го­ди­на (ко­га Дим­ков­ски бе­ше наз­на­чен за прв чо­век на ре­дак­ци­ја­та), па до август го­ди­на­ва. Во нив тој го пла­си­ра сво­јот, но и ста­вот на ку­ќа­та, рас­кри­лу­вај­ќи ги сво­и­те раз­мис­лу­ва­ња пред чи­та­те­ли­те и пред по­ши­ро­ка­та јав­ност.