Познатиот режисер Горан Марковиќ за култниот филм „Вариола вера“

Поминаа речиси 50 години (1972) од епидемијата на големи сипаници (вариола вера) во Југославија. Беше тоа скандалозен, нечуен дотогаш случај на појава на една искоренета тропска болест во Европа.
– Ми беа потребни десет години да ја откријам вистината за тој бизарен настан, бидејќи деталите за него беа грижливо сокривани. Меѓу надлежните владееше некаков вид заговор за молчење и дури кога наидов на двајца храбри лекари, кои ми ја открија реалната вистина, сфатив зошто таа работа толку се забошотува. Всушност стануваше збор не толку за медицинско колку за општествено заболување. Дури тогаш, имено, на изглед неуништливата тврдина, која се викаше Југославија, опасно се заниша. Но тоа го знаеја само оние на врвот.

Имав само претчувство дека работата е опасна не само за населението туку и за власта. Во 1982 година, по сѐ, успеав да го снимам филмот „Вариола вера“, кој претставуваше релативно верна реконструкција на настаните од деценија пред тоа, со некои измени во фактографијата и преработка на вистинските личности – вели познатиот режисер Горан Марковиќ за култниот филм „Вариола вера“, во интервју за српски „Данас“.

Филмот се колебал помеѓу два жанра: филм за катастрофа и хорор. Подоцна британското списание за филмска естетика „Сајт енд саунд“, кое го издало Британскиот филмски институт, го вброило меѓу стоте најдобри хорор-остварувања на сите времиња, па таа одредница му остана до денес.
– Меѓутоа, кога во 1984 година им го прикажав филмот на студентите на универзитетот „Колумбија“ во Њујорк и им реков дека тоа е приказна за болест на општеството, тие ме гледаа зачудено. Имено, не беа навикнати дека ние што доаѓавме од социјализмот сме се решиле на постапка по пат на алегории и метафори да се изразиме за општествени прашања. Тој филм беше многу гледан во земјата. Намерно не го употребувам изразот популарен, бидејќи гледачите, кои и самите имаа сеќавања на тие ужасни денови, од киносалите излегуваа фрапирани. Но тој страв, изгледа, ги привлекуваше. Гледајќи го „Вариола вера“, како конечно да се исчистија од нешто што останало во нив закопано десет години – вели режисерот.

Некои и денес му споменуваат колку силно се уплашиле гледајќи го филмот.
– Јас, да признаам, сакав мојот филм да тргне во некој друг правец, да го исмее нашиот менталитет, но излезе така како што излезе. Знаете, филмовите понекогаш имаат свој пат, кој не може да го промени ниту самиот автор. Сега, кога баучот на пандемија повторно се надвисна над нас, разбирам дека од „Вариола“ до денес нештата не се променија многу. Истата онаа неподготвеност за фаќање во костец со искушенијата, истата непрофесионалност, истиот страв пред сѐ, за сопствените позиции, повторно оние забошотувања, повторно сите тие лаги. Несфаќање дека избегнувањето на вистината, каква и да е таа, е погубно – вели Марковиќ.
Според него, во прв план повторно, токму како во 1972 година, се истураат не само борци туку пајаци, кои мислат дека е доволно да го имитираат својот очајно недуховит водач.

– Не разбираат дека не е во прашање луѓето да се смират, туку да се заштитат. Бидејќи, ако, не дај боже, епидемијата добие уште подраматични размери, и самите ќе престанат да се исмеваат, над моментот на вистината – изјави познатиот режисер.