Поемата „Љубовта на Марија од Магдала“ и збирката „Просветлени песни“, двете поетски книги на Ирена Павлова де Одорико, кои излегоа од печат неодамна, ќе бидат претставени утревечер во 19 часот со перформанс во Младинскиот културен центар во Скопје. Павлова неколку години живее во Венеција, Италија, но како дводомен автор твори во рамките на македонската и италијанската култура.
„Љубовта на Марија од Магдала“ ја објави здружението за наука и култура „Нова“ и поетесата за неа ја доби наградата „Климентово перо“. „Просветлени песни“ излезе во издание на „Датапонс“ од Скопје.