Tеатарската претстава „Експеримент“, по текст и режија на Јане Спасиќ, а во продукција на здружението „Артопија“, ќе биде изведена на 27 јануари во 21 часот, на сцената на МКЦ. Главна инспирација за претставата е книгата „Ефектот Луцифер“ на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијаат на дехуманизацијата.
Во претставата играат: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска и др. Сценографијата е на Кирил Василев, а костимите на Бранкица Јорданоска.