Претставата „Дух“ на Македонскиот народен театар, која вечерва требаше да биде изведена во рамки на „Скопско лето“, од технички причини е одложена за утревечер од 21 часот за кога ќе важат и билетите, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје по известувањето од МНТ.

Премиерата на „Дух“ беше во април годинава. Претставата е според текст на Дејан Дуковски и во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. 

Во актерската екипа се: Гораст Цветковски, Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов, Тони Михајловски.

Сценографијата е на Велимир Жерновски, костимограф е Лидија Георгиева, а  музиката е на Надежда Рубен, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ.