Премиерата на играниот филм „Ефектот на среќа“ (The Happiness Effect) на македонскиот режисер Борјан Зафировски ќе се одржи в четврток (7 ноември) во кино „Милениум“ во Скопје. Со ова остварување ќе биде отворено годинешното издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“.

Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Дејана Попоска, Ана Стојановска и Сара Анастасовска. „Ефектот на среќа“ е приказна за една млада девојка која пробува да ја декодира формулата на среќата и филмот ја анализира моќта на позитивното размислување.

„Ефектот на среќа” е во продукција на „Ново македонско видео”, а копродуценти се: „Њу момент“, V House Animation, Living Pictures, Montenegro Max Film и B2 – PR and Media Solutions. Филмот е поддржан од: Агенција за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Филмскиот центар на Црна Гора и Кинематографскиот центар на Косово.

Тизер за филмот „Ефектот на среќа“ :