Претставата „Подигни ме“, во режија на Македонка Илиевска и Златко Митрески, премиерно ќе биде одиграна вечерва во 20 часот во центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш. Претставата е плод на лични преживувања на Овашенко како рекламен агент во голема рекламна агенција и одблиску го познава тој модерен начин на живот. Ја открива по интересен начин виртуелната реалност, која се обидува да ги замени личниот живот, вкусовите и желбите на луѓето. Шест млади, успешни, силни и убави жени, кои ги играат: Анета Илкачева, Викторија Коцева, Елена Чаракчиева, Верче Спасова, Маја Ужевска, Мартина Ристевска, ја водат својата битка за успех во општеството и разбивање табу. Режијата е на Македонка Илиевска и Златко Митрески. Гледачите стануваат сведоци на нивните најинтимни преживувања, конфликтот на личноста и наложените општествени правила за успех, реализација и нормативи за среќа.
Претставата е во копродукција меѓу центарот за изведувачки уметности и едукација „Театар Пи“ и центарот за култура „Ацо Караманов“ од Радовиш.