Премиерата на операта „Скендербег“ од композиторот Фатос Лумани, ќе биде изведена на 23 декември, понеделник, со почеток во 20 часот во Националната опера и балет. Диригент е Олси Ќинами, режијата е на Ќендрим Ријани.

Оперското либрето „Скендербег“ е базирано врз странски и албански автори кои во нивните дела како протагонист го имаат ликот на Скендербег, кој во оваа опера се портретизира како врвен борец, патриот но и како човек обземен со човечки и љубовни чувства.

Солисти: Скендербег: Армалдо Клоѓери / Фатима: Зана Абази Рамадани / Хасан Ага: Армандо Ликај / Султан: Васко Здравков / Мамица: Нина Мухо / Хамза: Никола Стојчески / Лек Дукаџини: Лиридон Садриу / Јерина: Марија Наумовска / Пејачот:Мустафа Имери / Пејачката: Бесарта Муртезани / Војник: Исмет Вејсели / Виолинист на сцена: Сихана Бадивуку / Мајка на Скендербег: Дрита Каба Карага.

Балет:Агим Бафтии, Ева Џингова, Мартина Димовска, Матеа Илиевска, Стефанија Кузмановска, Арта Ќаили, Антонија Димитриевска, Тијана Аврамовиќ, Бојан Димовски, Веселин Трајковски.