Премиерата на играниот филм „Ефектот на среќа“ на македонскиот режисер Борјан Зафировски ќе се одржи вечерва во киното „Милениум“ во Скопје. Со ова остварување ќе биде отворено годинашното издание на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“.

Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Дејана Попоска, Ана Стојановска и Сара Анастасовска. „Ефектот на среќа“ е приказна за една млада девојка што пробува да ја декодира формулата на среќата и филмот ја анализира моќта на позитивното размислување.

„Ефектот на среќа“ е во продукција на „Ново македонско видео“, а копродуценти се: „Њу момент“, „В хаус анимејшн“, „Ливинг пикчрс“, „Монтенегро макс филм“ и „Б2 – ПР и медиа солушн“. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија, Филмскиот центар на Црна Гора и Кинематографскиот центар на Косово.

Со премиерата почнува осумнаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“.