Во кино салата од Центарот за култура во Кичево, вечерва премиерно ќе биде прикажан документарниот филм за олимпискиот шампион во борење од 1984 година од Лос Анџелес, Шабан Трстена, филмот „Кобра“.

-Денес во кино салата од Центарот за култура , премиерно ќе биде прикажан документарниот филм за олимпискиот шампион во борење од 1984 година, Шабан Трстена, филмот „Кобра“. Во 48 минути, режисерот Игор Стојанов ги сместил падовите и големите успони на нашиот единствен спортист кој се закитил со олимписко злато. Ова е добра можност и помладите генерации од нашиот град, подетално да се запознаат со врвните достигнувања на спортската легенда, за и тие еден ден да тргнат по неговите стапки- истакнуваат од Центарот за култура.

Сценаристи на овој  документарец се Сашко Насев, Игор Иванов и Тони Салкоски, додека автор на музиката е Томи Мишевиќ.

З.А.