Во Македонскиот народен театар, утревечер, на големата сцена, со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде одиграна претставата „Бесачи“ по текст на актуелниот британско-ирски автор Мартин Мекдона, а во режија на Јавор Грдев. Изведбата на првата реприза е на 25 септември, а следните изведби се закажани за 8 и 9 октомври.

Во претставата игра веќе докажаната актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар: Никола Ристановски, Кире Ѓоревски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Ѓорѓи Јолевски, Славиша Кајевски, Владо Јовановски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Александар Михајловски, Нелко Нелковски, Трајче Ѓоргиев. Асистент на режисерот е актерката Звездана Ангеловска, драматург е Дејан Дуковски, а преводот на текстот го направи Благоја Бошковски.

Сценограф е Никола Тороманов, костимографијата е на Свила Величкова, композитор на музиката е Калин Николов и извршна продуцентка на претставата е Симона Угриновска.