Во Националната Опера и Балет, во недела со почеток во 19.30 часот, за прв пат пред македонската јавност „Љубојна“ ќе одржи акустичен концерт. Ова е вистинска прилика за нивните бројни обожаватели, во една уникатна атмосфера да ги слушнат сите големи хитови на групата.

Во медиумскиот етер е актуелен спотот за нивниот последен сингл „Севдо ле“, од новиот албум, реализиран заедно со Македонската филхармонија под диригентство на Џијан Емијн.

– „Љубојна“ за првпат откога постои в недела ќе одржи акустичен, анплагд концерт. Ќе се обидеме и публиката да ужива како и ние и нашите гости на сцената. А сѐ ќе се случува во една шумска идила, каде гласот на Вера ќе звучи малку поинаку. Се надеваме дека среде овој смог во земјава на сите што ќе дојдат ќе им годи нашата зелена приказна. Тоа што ни е драгоцено, воздухот, музиката и љубовта ќе го споделиме со сите што ќе присуствуваат на нашиот концерт – рече Оливер Јосифовски на денешната прес конференција.

Тој дополни дека се подготвува специјална сценографија и костимографија за концертот, за што е задолжено студиото „3-Д“.

– За првпат кај нас на сцената ќе има дигитална сценографија, што ја подготвува „3-Д“ студио, што ќе биде надополнето и со интересни костими. Всушност сѐ ќе наликува на еден пикник во шума – откри Оливер.

Вокалистката Вера Милошевска се надоврза оти со душа го чека овој анплагт концерт, каде истовремено ќе биде и домаќин и гостин.

– Ова ќе биде една поинква средба со публиката. Тоа ехо од досегашните бучни коцнерти, јас би сакала да се смири на оваа сцена, да застнае, но да одекнува истата радост, љубов и веселба. А што се однесува до репертоарот ќе ги пееме хитовите што публиката ги сака, но ќе им и нова музика, а специјално за овој коцнерт јас напипшав нова песна, „Горки чувства, слатки немири“, со што, полека влегувам во авторски води – вели таа.

Овој интересен настап на „Љубојна“ напролет ќе го види и публиката во регионот, а најпрво во Загреб, Хрватска.

Концертот ќе го снима ТВ 24, а во план е и издавање на дивиди.

М.Т.