Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, во соработка со Амбасадата на САД и Програмата The American Film Showcase, како и Школата за филмски уметности од Јужна Каролина, USC School of Cinematic Arts (SCA), организираат презентација насловена „Како да раскажеш приказна“, која ќе се одржи на 18 април со почеток во 12 часот во Аула 1 на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.

Кахане Куперман е истакната режисерка и телевизиски продуцент. Таа го режија и продуцира краткометражниот документарен филм „Виолина на Џо”, номиниран за Оскар во 2017 година. Работи како извршен продуцент / Showrunner на Untitled Holcomb Project, серијал за SundanceTV. Пред тоа, таа беше извршен продуцент на  „The New Yorker Presents”, серијал на Amazon Prime. Од 2005-2015, таа е ко-извршен продуцент на The Daily Show со Џон Стјуарт, каде што првично беше ангажирана како продуцент во 1996 година.

За нејзината работа на шоуто, таа доби единаесет награди “ Prime-time Emmy” и три награди Пибоди. Кахане ја започна кариерата во областа на документарниот филм во Maysles Films од Њујорк. Таа режирала и продуцирала неколку документарни филмови пред „Виолината на Џо“, како што се: Cool Water (Филмски фестивал Санденс) и Making Dazed за Dazed and Confused на Ричард Линклатер, кој се емитуваше на AMC и подоцна го презеде и Criterion Collection.

Кахане има академска титула Магистер на филмски уметности од Универзитетот Колумбија.