Не е точно дека е прекината работата на работната група за потпишување на колективниот договор, туку во изминатите денови подгрупите работат на детална анализа и финансиската пресметка на средствата кои се потребни за потпишување и примена на колективниот договор, тврди Министерството за култура во врска со реакциите на Советот на СКРМ дека е прекината работата на работната група за колективниот договор.

Министерството за култура наведува дека како и досега, така и во иднина ќе ги поддржува вработените во културата за остварување на нивните барања и посветено, заедно со сите чинители во културата и со претставниците на СКРМ и на СОНК ќе работи на унапредување на условите во културата.

Преговорите за колективниот договор продолжуваат веќе в понеделник во 13 часот за кога ќе биде закажан состанок со работната група, се додава во соопштението.