Во Галеријата на МКЦ е отворена првата самостојна изложба на Стефан Младеновски под наслов „Дела на хартија“, на која може да се видат 35 цртежи. Младеновски како млад автор, апсолвент на графичкиот оддел при ФЛУ во Скопје, со цртежите на оваа изложба го преиспитува резултатот од редуктивниот избор со концепт од појдовната премиса: „мојот идентитет во моето творештво“…

– Стефан Младеновски со оваа своја прва самостојна изложба ветува дека и во иднина сериозно ќе се насочува кон надградба на ликовните умеења во доменот на цртежот и графиката. Верувам дека со оваа доследност со која сега ги евидентира апстрахираните, миметички обликувани предели, тука егзистирајќи како „миг на пријатна доволност“, и во следните изложби успешно ќе ги промовира авторските предиспозиции, кои секогаш, само преку творечката енергија, се пресоздаваат во своевидна анатомија на стварноста – вели професорот Мирко Вујисиќ.