Под мотото „Ова е наше време: Време за театар“, вечерва, од 19.30 часот, во Прилеп, почнува 54-от театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој ќе трае до 15 јуни. На отворањето ќе бидат им доделени наградите за животно дело на Владимир Милчин, режисер и на актерот Бајруш Мјаку, а потоа има настап музичарот Влатко Стефановски. Прв во официјална конкуренција настапува МНТ со изведбата на претставата „Магбет“, во режија на Нела Витошевиќ.

Ќе бидат прикажани уште седум претстави во официјална конкуренција. Влезниците за претставите се веќе распродадени. На годинашниот фестивал се враќаат разговорите на тркалезната маса, што ќе се одржуваат по 30 минути од изведбата на претставата,
– Од самиот почеток, македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ успеа на едно место да ја собере најдобрата македонска театарска продукција докажувајќи дека низ секое време македонскиот театар ги живее своите најдобри години. Но оваа година „Чернодрински“ ќе им се спротивстави на носталгичните ставови за подобрите времиња, за да го потврди квалитетот на сегашноста – велат од фестивалот.