Пер Улоф Енквист, еден од најистакнатите претставници на скандинавската литература од 20 век, почина на 85-годишна возраст, објави неговото семејство, пренесуваат агенциите.

Енквист беше романсиер, драматург, новинар и есеист чии дела се преведени на повеќе од 20 јазици.

Тој ја стекна меѓународната слава преку својата проза во документарен стил и способноста да ги обликува историските факти во романи со извонредна длабочина, од „Кристалното око“ објавен во 1961 година до „Книгата на параболи“ во 2013 година.