Српската глумица Неда Арнериќ почина денес на 67-годишна возраст. Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан, пишуваат српските медиуми. Нејзиното тело го нашол брат ѝ. Веднаш на местото на настанот пристигнале полицијата и итната помош. Од таму велат дека не биле откриени траги од насилство.

Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година. Таа имаше богата актерска кариера. Арнериќ, која се прослави со филмот „Исправи се Делфина“, се повлече од јавноста кон крајот на 2018 година кога почина нејзиниот сопруг. Медиумите за тоа дознаа подоцна, бидејќи актерката не сакаше да зборува за неговата смрт во јавноста.

Арнериќ лани се обиде да се самоубие. И тогаш нејзинот брат ја нашол онесвестена во станот.