Синоќа ненадејно не напушти доајенот на македонското музичко новинарство Димитар Чемков-Циме.
Роден е на 2 февруари 1942 година. Цели 37 години како музички новинар и уредник беше дел од музичката редакција на Македонско Радио – Радио Скопје. Бил водител на популарни емисии меѓу кои се: „Поп албум“, „Поп контакт“, „Поп телекс“, „Најдоброто од …“. Циме беше и музички критичар, рецензент и коментатор на многу музички настани и фестивали како што се: Скопски забавен фестивал, Избор за песна на Евровизија,  Макфест,  Евро фест,  Скопски џез фестивал, Цветници, Валандово, Охрид фест…

Автор е на седумдесетина забавни и новосоздадени фолклорни композиции и е еден од основоположниците на македонската рок музика. Бил член групата „Спектар“ и на  двете најпопуларни рок групи во 1960-те – „Бисери“  и  „Биз-Бес“.