Во Занаетчискиот дом во Куманово, со почеток во 19 часот, ќе се одржат „Поткозјачки литературни средби 2019“. Манифестацијата годинава е во рамките на одбележувањето 500 години од основањето на Куманово, а во рамките на Ноемвриски денови, во чест на 11 Ноември, Денот на ослободувањето.

На манифестацијата свои литературни дела ќе читаат Кристина Николова, Христо Петрески, Ирена Белешковска, Оливера Доцевска, Емилија Колевска, Ана Љубиќ, Марина Мијаковска, Ленче Милошeвска, Давче Насевски, Елена Пренџова, Мито Спасовски, Снежана Стојчевска, Стојан Тарапуза, Љерка Тот Наумова, а со гитара ќе настапи Дарко Трајковски. „Поткозјачките средби“ беа моќен празник и културен настан во градот. По повеќегодишна пауза, минатата година манифестацијата беше обновена со цел да се продолжи една значајна културна традиција во градот и Републиката.

Манифестацијата е под покровителство на градоначалникот на Куманово, во организација на „Јустиција“ од Куманово и ЦККС – Скопје, а во соработка со ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово, Секторот за култура и спорт при Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт од Куманово.