Сибил Зутер, амбасадорката на Швајцарија во Македонија, во Музејот на современата уметност ја отвори изложбата „Гласање и гласови“ – постери од швајцарските кампањи, од 1918 до денес, на „Музеум фур Гешталтунг“ од Цирих. Со изложбата се одбележува почетокот на проектот поддржан од Швајцарија за поддршка за изборните реформи во Македонија, а по тој повод, амбасадорката рече дека изложбата покажува дека граѓаните на Швајцарија не само што имаат право, туку имаат и инструменти што им овозможуваат значајно да се вклучат во политичкиот процес. – Изложбата „Гласање и гласови“ ги прикажува стратегиите за визуелно аргументирање и сликовитата реторика што им дадоа облик на постерите за швајцарските кампањи уште од 1918 до денес. Како чувствителни индикатори на општествено-политичкото расположение и како вредни современи документи, изложените постери ја отсликуваат не само историјата на швајцарскиот пристап, туку и глобалните трендови општествено постерите од швајцарските кампањи од 1918 до денес ги придружуваат референдумите како централен инструмент на директната демократија. Околу половина од сите референдуми на светско ниво се одржуваат во Швајцарија, а оттаму се и важен елемент на еден складен политички систем уште од формирањето на сојузната држава во 1848 година – рече Бетина Рихтер, кураторка на изложбата од Цирих. Поставката „Гласање и гласови“ на еден од водечките швајцарски музеј за дизајн и визуелна комуникација, ќе биде поставена до 12 август. Претставени се 50 постери.