Од светското кино

Давид Бонвиј (1978 г.) е португалски сценарист и режисер, кој ја започнал својата кариера како асистент на добитникот на „златната палма“, Маноел де Оливеира, како и на добитникот на наградата „Тарнер“, Даглас Гордон. Дејвид исто така работел и во Би-би-си. Редовно подучува и предава на Универзитетот во Вестминстер, во Центарот за актери и во разни други национални и меѓународни проекти. Неговите кратки филмови освоија неколку награди за најдобар филм, сценарио, режија, глума, кинематографија и награди од публиката на меѓународни филмски фестивали.
„Последното капење“ (2020 г.) е негов прв долгометражен филм, остварување што го урива стереотипот за тоа дека филмската уметност одамна ја загубила својата еротичност на филмското платно и претставува вистинско освежување. Филмот беше во официјална селекција на „Токио филм фестивал“, доби специјална и почесна награда на Филмскиот фестивал во Кипар и награди за најдобар актер и за актерка на фестивалот „Синема Лусо-Брасилеиро“ во Санта Марија де Феира во Португалија.
„Последното капење“, кој скопската публика имаше можност да го види на фестивалот „Киненова“, зборува за врската помеѓу калуѓерка и нејзиниот 15-годишен внук, чија љубов е усложнета од верата, семејството, традицијата… Жозефина е 40-годишна калуѓерка, која треба да ги положи вечните завети. Таа треба да замине во нејзино родно село, за да присуствува на погребот на нејзиниот татко. Таму ќе се сретне со нејзиниот 15-годишен внук, кој е напуштен од неговата мајка. Изолирани во старата семејна куќа, калуѓерката и нејзиниот внук се чувствуваат збунети како што верата, семејството и љубовта ја усложнуваат нивната врска.
Во филмот играат: Анабела Мореира, Мартим Канаваро и Маргарида Мореира.