Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола приреди изложба на најчитаните книги во изминатите години во битолската библиотека. Станува збор за стоте најчитани книги од исто толку автори што предизвикале најголемо внимание кај читателите членови на библиотеката.
Според тимот истражувачи и организатори на изложбата, во изминатите години меѓу другите најчитани биле книгата на Петре М. Андреевски „Последните селани“, книгата „Свадбата на Мара“ од Владимир Костов, потоа „Вештица“ на Венко Андоновски, како и книги на македонски и албански јазик од Луан Старова.
На изложбата во битолската библиотека има и книги од автори популарни и читани во 1990-тите години, но и денес, како што се: Иво Андриќ со „Травничка хроника“ и Момо Капор автор на книгата „Фолиранти“, а во редот на најчитани автори се посочени и Херман Хесе со „Степски волк“, Емили Бронте со „Оркански височини“, потоа книгата „Втора шанса“ на Даниела Стил, книгата „Странец во огледало“ на Синди Шелдон и други светски познати автори.