На интернационалниот фестивал на фотографија што се одржува во Банги, главниот град на Централноафриканската Република од 17 до 20 септември, ќе се презентира авторски портрет на Констатин Плевнеш.
За време на фестивалот Националната телевизија од Банги ќе го прикаже филмот „Од Африка до Македонија – По патот на Св. Климент Охридски“, чиј автор е Константин Плевнеш.

Главниот херој на овој филм е Седрик Уанкапон, млад лекар што спаси стотици животи, добитник на наградата „Млад светски хуманист 2019“, што ја доделува Охридската академија на хуманизмот, токму од оваа африканска држава.

Покрај овој филм ќе бидат прикажани и двата документарни филма на Плевнеш, „Автобиографија на човекот-гулаб“ и „Волшебникот Питер Шуман“.
Во исто време Константин Плевнеш е член на интернационалниот жири кое ќе ги награди најуспешните фотографи на африканскиот континент.