Портрет на легендарниот американски музичар и актер Елвис Присли од њујоршкиот уметник Енди Ворхол се продава по цена од 30 милиони долари.

Тоа е еднинствениот портрет изработен од Ворхол во природна големина, а може да се погледне во лондонската галерија на аукциската куќа „Кристи“ .

На сликата, која е наречена „Двојниот Елвис“ (Double Elvis), е прикажан славниот музичар со револвер во рака од неговиот вестерн филм „Пламтечка ѕвезда“ (Flaming Star) од 1960-та година.

Портретот од 1963 година, „Кристи“ ќе го понуди на 17 мај на аукција во Њујорк, а претходно ќе биде изложен во лондонската галерија на аукциската куќа.