Податоците на „Артси“ ја одразуваат широкораспространетата промена на уметничкиот пазар на интернет лани. Обемот на набавки на е-трговијата на платформата се зголемувал секој квартал од 2020 година во споредба со истите периоди во 2019 година

Придобивки од пандемијата

Како и во повеќето сектори на глобалната економија, 2020-та беше година без преседан за пазарот на уметност. Пандемијата на коронавирусот ги победи најголемите настани што требаше да се одржат во живо, принудувајќи саеми, аукции и многу изложби да се одржуваат првенствено на интернет. Како резултат на тоа, пазарот на уметноста се ограничи. Еден извештај открива дека продажбата во галериите опаднала за 36 отсто во првата половина на годината, друг извештај, пак, забележува пад од 49 отсто на продажбата на аукциите во „Кристис“, „Филипс“ и „Сотбис“ во истиот период. Но запирањето на повеќето настани во живо на пазарот на уметноста поради ковид-19 околу крајот на првиот квартал од 2020 година исто така значеше и експлозија во активноста на интернет, бидејќи уметниците, галериите, аукциските куќи и колекционерите се свртеа кон дигиталните платформи за да презентираат, откријат, купат или продадат уметничко дело. Најновиот извештај за трговијата со уметнички дела преку интернет-страницата „Хискокс“ покажува дека 67 отсто од купувачите, онлајн купиле уметничко дело во периодот помеѓу март и септември, за разлика од 44 отсто во 2019 година.
Податоците на „Артси“ ја одразуваат широкораспространетата промена на уметничкиот пазар на интернет лани. Обемот на набавки на е-трговијата на платформата се зголемувал секој квартал од 2020 година во споредба со истите периоди во 2019 година. Во вториот квартал, со зголемувањето на сериозноста на пандемијата, вредноста на набавките направени со користење на функционалноста за електронска трговија на „Артси“ се зголемила за 136,3 отсто, а бројот на купувачи што ја искористиле таа функционалност се зголемувал за 247,7 отсто од година на година. Но тоа не значи дека на колекционерите не влијаело расположението на неизвесноста предизвикано од ковид-19.

Како што бројот на набавки направени преку опциите за електронска трговија на „Артси“ се зголемувал за 151,5 отсто од првиот квартал на годината до вториот, просечната вредност на уметничките дела купени со тие средства се намалила за 12,9 отсто.
Зголемената активност на „Артси“ лани била очигледна и на аукциите спроведени на платформата. Од првото тримесечје на годината до второто, бројот на понудувачи се зголемил за 30 отсто на сите аукции на платформата.
Најбараните уметници на „Артси“ во 2020 година во однос на бројот на корисници што се распрашувале за купување на нивните дела се збир на улични и поп-уметници омилени на пазарот, а меѓу нив се најдоа и Брајан Донели, Бенкси, Енди Ворхол, Демиен Хирст, Такаши Мураками и Кит Херинг.
Донели, поранешниот уличен уметник, познат по своите изразени колекционерски винил-фигури и слики на иконски цртани ликови со иксови на нивните очи, се најде на врвот. Повеќето корисници на „Артси“ се распрашувале за неговата работа повеќе отколку за кој било друг уметник на платформата во 2020 година; Донели имал 22,4 отсто повеќе корисници што биле заинтересирани за неговата работа отколку следниот уметник Бенкси.

Меѓутоа, анонимниот британски уметник Бенкси го намали јазот во однос на претходната година, кога тој го имаше третиот највисок број на корисници што се распрашувале за неговите дела, зад Донели и Ворхол. Додека бројот на корисници што се распрашувале за делата од Донели и Ворхол многу малку се променил од 2019 до 2020 година, бројот за уметноста на Бенкси пораснал за 29,3 отсто. Освен промената на второто место, шесте уметници чии дела биле најпопуларни во 2020 година се комплетно исти како и во 2019 година, со Хирст, Мураками и Херинг стабилни на четвртото, петтото и шестото место.
Од 20-те уметници чија работа ја побарале најголемиот број корисници на „Артси“ во 2020 година, 19 се мажи. Единствената жена-уметница на списокот, Јајои Кусама, забележала дека бројот на корисници што се заинтересирани за нејзината работа се зголемува за 20,1 отсто од година на година. И покрај тоа, таа всушност падна за едно место, од 13-то на листата во 2019 година, се најде на 14-то лани. Таа промена се должи на скокот на побарувачката за делата од Даниел Аршам, уметникот познат по своите футуристички скулптури на познати објекти.

Бројот на корисниците што се распрашувале за неговата работа пораснал за 69,6 отсто од 2019 до 2020 година, поместувајќи го од 20-то место минатата година на 13-то место во 2020 година, веднаш пред Кусама.
Ова беше анормална година на безброј начини, но некои од трансформациите што ги видовме во светот на уметноста попрецизно може да се опишат како забрзувања на промените што веќе се во тек. Податоците на „Артси“ ја рефлектираат широката прегратка на уметничкиот пазар за продажба на уметнички дела преку интернет, кој стана буквално единствениот достапен продажен канал среде меѓународните блокади поради пандемијата на ковид-19.