Добитникот на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, денеска беше прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

Пригодната свеченост во присуство на поетот се одржа во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.