Жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра
поетска стихозбирка помеѓу две фестивалски изданија направи избор од пет книги и автори што ќе бидат претставени на Струшките вечери на поезијата. Еден од овие пет автори ќе биде прогласен за добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција во рамки на програмата на фестивалот.

Листа од пет книги и автори одбрани за наградата „Браќа Миладиновци“ (по азбучен ред според презимето на авторот)

1. Пајо Авировиќ: На погрешната страна
2. Андреј Ал-Асади: Небесна геометрија
3. Долорес Атанасова- Лори: Небо во кафез
4. Ива Дамјановски: Двоумење
5. Јосип Коцев: Музеј на чувствата