Поетско читање на новата генерација современи македонски поети ќе се одржи во рамки на годинешната манифестација „Бела ноќ“.
Читањето ќе биде утре (26 септември) на платото пред градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со почеток во 20 часот.
Своите стихови ќе ги прочитаат Снежана Стојчевска, Славица П. Диневска, Љубица Шопова, Долорес Атанасова – Лори, Биљана Стојановска, Митко Апостолов, Катерина Гогова, Иле Наумов, Слаѓана Бојанова и Лазар Попов.