Фото: Маја Јаневска-Илиева

Поетско читање на кое поети од различни генерации ќе ја искажат својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески ќе се одржи денеска, во 19 часот, во Друштвото на писателите на Македонија. Тие ќе прочитаат по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна. Ќе настапат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска. Настанот ќе го модерира Александра Јуруковска.