Поетско читање по повод 20 години од постоењето на меѓународната поетска мрежа Лириклајн (Lyrikline.org.) ќе се одржи утре (7 декември), со почеток во 18 часот во коктел-барот „Саут сајд“ во Струмица.

Модератор на поетското читање во сабота е Никола Маџиров, а ќе учествуваат автори од Струмица и Македонија, кои се дел од најновата македонска поетска генерација, меѓу кои: Николина Андова Шопова, Ице Беличев, Јулијана Величковска, Митко Гогов, Ана Голејшка Џикова, Мариета Дукиќ, Ѓоко Здравески, Јосип Коцев, Марјан Минов, Сузана Мицева, Катерина Кожаров Панов, Биљана Стојановска, Снежана Стојчевска, Иван Шопов.

Авторите освен што ќе прочитаат своја поезија, ќе презентираат и омилена песна и автор од поетска мрежа Лириклајн.

Лириклајн е поетска платформа што содржи 12.617 песни од 1.407 поети, на 85 јазици, како и 18.964 преведени песни. Автентичноста на Лириклајн е во тоа што можат да се чујат сите 1.407 поети како сами ги читаат своите песни.