Поетското дело насловено „Брзина на сонот“ од македонскиот писател Стефан Марковски е застапено во 15-то издание на зборникот „Цастело ди Дуино“. На меѓународниот конкурс за поезија и драмски текстови жирито, во состав од дваесетина поети и книжевни критичари, ја избра поезијата на Марковски во категоријата „Поезија на срцето“ во селекција од над 500 поети до 30-годишна возраст во светски рамки.

Промоцијата на зборникот е завршен настан на фестивалот закажан за 31 март во замокот „Дуино“ во близината на Трст, каде што во текот на 10 дена ќе настапуваат голем број поети, како и видни музички, театарски и уметнички имиња од Италија и од светот.