Концерт на пијанистката Лаума Скриде (Летонија/Германија) ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во Музејот на македонската борба, во рамките на 42-те Денови на македонската музика. На програмата на првото гостување на светски реномираната пијанистка Лаума Скриде на фестивалот се дела од композиторите: Мехмет Џан Озер, Петерис Васкс, Петар Јованов, Сорен Нилс Ајхберг, Софија Губајдулина, како и од македонските автори Борис Светиев, Гоце Коларовски и Ана Пандевска. Според критиката, изведбите на Скриде се чудесно чувствителни, со прекрасен тонски квалитет и секогаш со врвнa виртуозна кондиција.