Во рамките на фестивалот „Златна лира 2019“, пијанистката Даница Стојанова, вечерва, во Музејот на македонската борба, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт на чија програма се дела за пијано од македонските автори: Ристо Аврамовски, Јана Андреевска, Томислав Зографски и Гоце Коларовски, како и дела од Фредерик Шопен.

Стојанова е родена во Струмица, студиите по пијано ги завршила во Белград, а магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа денес е еден од најреномираните професори по пијано и камерна музика во средното училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, каде што редовно постигнува високи резултати со своите ученици на државната и на меѓународната сцена. Како солист настапува со полурецитали и целовечерни концерти во Македонија, Бугарија, Украина, Турција, Малезија, Германија, Холандија, Франција, Италија, Косово, Србија, Италија, САД.

Членка е на Меѓународната асоцијација на пијано-дуо во Токио, Јапонија.