По минатогодишниот скандал кога Нобеловата награда за литература не се додели за првпат во историјата, годинава беа доделени дури две.

Нобеловата награда за литература за 2018 година ѝ припадна на полската авторка Олга Токарчук за „наративната фантазија која со енциклопедиската страст го претставува преминувањето на границите како форма на живот“, додека австрискиот автор Петер Хандке ја доби наградата за 2019 година за „влијателниот труд кој со лингвистичка инвентивност ја истражува периферијата и специфичноста на човечкото искуство“.

Одлуката за доделување на наградата ја донесе проширениот одбор, составен од четворица членови на Академијата и пет надворешни експерти.