По барање од публиката, денеска, со почеток во 12 часот, во Националната опера и балет, ќе биде изведена популарната балетска претстава за деца „Петар Пан“.
Петар Пан е палаво момче, кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров, Недојдија, како лидер на својата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати и одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.
Кореограф е Џејмс Амар (Франција). Настапуваат балетски солисти и ансамблот на Националната опера и балет.