Промоција на книгата „Тивко како молитва“ на Сузана Мицева, во издание на „Просветно дело“, и премиерно прикажување на поетскиот филм „Бегство“ ќе се одржат денеска во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Ова е четврта поетска книга на Мицева. Во неа се сместени 72 песни од двата ракописа, „Молитвеник од претходниот живот“ и „Животот отаде границите“, кои минатата година беа во најтесниот избор на наградите „Јован Котески“ и „Ацо Караманов“.