Изминатата недела, од 14 до 19 август, во Шабац, Србија, се одржа вториот по ред
Интернационален театарски фестивал – ИНТЕФ, под мотото „ИНТЕФ е тоа што нѐ спојува“. Овогодинешниот фестивал имаше и македонски претставници кои што покажаа голем успех и се вратија како апсолутни победници.

Фестивалот е во оранизација на млади уметници од Србија, чија цел е обединување на млади театарџии од сите земји во регионот, разменување на идеи а воедно и прикажување на претстави сите пет фестивалски денови.

На репертоарот на овогодишниот фестивал од околу 40-тина пријавени, во програмата беа селектирани 10 претстави. Во селекцијата, единствен претставник од Македонија  беше претставата „Пеликанот“ на Аугуст Стриндберг на младата екипа од универзитетот „Еуропа Прима“ – Скопје, во режија на Теодора Силјаноска, дипломиран театарски режисер и четворицата млади актери: Кристина Гиева, Марија Кондовска, Ан  Блажовски и Матеј Стојковски, сите студенти во класата на професор Дејан Пројковски.

Претставата се одигра на 16 август во домот на култура на Мишар. После петте театарски денови, на затворањето на фестивалот беа прогласени победниците на
овогодинешнното издание на фестивалот во повеќе категории.

Претставата „Пеликанот“ освои пет награди на овој фестивал, односно сите награди кои ги доделува стручното жири: награда за најдобра претстава според оцена од публика, награда за најдобра претстава од жирито на учесници на фестивалот, најдобра машка улога според стручно жири – Ане Блажовски, најдобра женска улога според стручното жири – Марија Кондовска, како и најдобра претстава според стручното жири.