Вечерва, во 19 часот, во Националната галерија на Македонија, објект „Чифте-амам“, ќе се одржи настанот „Остен“ со свечено отворање на ретроспективна изложба, ќе бидат изложени дела од 270 уметници од целиот свет, и со врачување награди и признанија за одбележување 50 години од Светската галерија на карикатури и „Остен биенале на цртеж – Скопје 2018“.

Меѓу наградените автори се: Марина Абрамовиќ, Владимир Величковиќ (Франција), Јоже Циуха (Словенија), Васко Ташковски (Македонија), Глигор Чемерски (Македонија), Павел Вархол (Полска), Елпида Хаџи-Василева (Обединето кралство), Васил Василев (Македонија), Атанас Атанасоски (Македонија), Јоан Белмар (САД) и Мице Јанкуловски (Македонија).