Од светското кино

Францускиот режисер Жак Одиар ја внесува својата типична визуелна флуентност во оваа забавна колекција на испреплетени приказни за ликовите што се спојуваат во 13-от округ. „Париз, 13. дистрикт“ или „Лес олимпиадес“ е секси филм за сексапилноста. Сексапилноста е лепилото што го врзува филмот и го обезбедува сврзувачкото ткиво помеѓу неговите различни сцени и неговата група ликови. Филмот живее во немирниот копнеж пред сексот, непријатниот остаток по сексот, итноста за време на сексот. Во филмот луѓето имаат многу секс.
„Лес олимпиеадес“ е името на високите станбени блокови во 13-от округ на Париз, каде што главно се случува дејствието – а филмот е снимен во несентиментално црно-бело што никогаш не го прави градот да изгледа убаво. Тој е адаптиран од некои приказни во колекцијата „Убивање и умирање“ од 2015 година на американскиот стрип-уметник Адријан Томин. Можеби филмот на Одиар не ги испорачува баш онаа сладост и емпатија со кои восхитуваа приказните на Томин, но има огромна флуентност и визуелен набој во неговото снимање.
Според критичарите, „Лес олимпиадес“ не кажува нешто премногу длабоко за некој од неговите ликови, но режисерот постигнува нешто многу забележливо и забавно во нивното антологизирање. Филмот е во француска продукција. Сценариото исто така е на Жак Одиар. На Канскиот филмски фестивал „Париз, 13. дистрикт“ ја освои наградата за најдобар композитор. Беше дел од повеќе фестивали како „Чикаго филм фестивал“, „Хамбург филм фестивал“, „Севилја филм фестивал“. Во филмот играат Луси Џанг, Макита Самба, Ноеми Мерлон.