Во домот на културата „Јане Сандански“, во Пехчево, утревечер ќе биде отворена изложба со наслов „Парижанка во Пехчево“ на ликовната уметница Лена Ѓуриќ, која ќе се претстави со триесетина дела. Нејзини дела досега се изложувани низ повеќе градови во Македонија, како Штип, Битола, Струмица, Радовиш, Виница, Свети Николе, Берово, Делчево и Скопје, а овој петок првпат ќе бидат претставени пред љубителите на уметноста од Пехчево. Изложбата е поддржана од Министерството за култура.