Фото: Зоран Антоски

Иако Кичево за годинава беше избран за Град на културата, за жал поради пандемијата со ковид-19, досега не е реализиран ниту еден од педесетината проекти содржани во програмата и ако се има во предвид сегашната состојба, тешко е да се поверува дека до крајот на годината ќе почне реализацијата, барем на дел од овие проекти. Соочени со оваа состојба од ЕЛС Кичево побараа мислење од Министерството за култура, кога да започнат и кога да завршат со реализација на програмата.

– Соочени со пандемијата со коронавирусот и порастот на новозаболени во нашиот град, се најдовме во крајно деликатна ситуација, како и кога да започнеме со реализација на програмата што ја понудивме на Министерство за култура, како Град на културата за 2020 година. Нашето барање се однесуваше на времето кога да започне и кога да заврши реализацијата на програмата. Бевме на мислење дека е најдобро да продолжиме со реализацијата на програма или целокупната програма да ја реализираме следната година, кога и фактички би станале Град на културата. Времето е кратко, од оваа година ни преостануваат уште четири месеци, а според препораките програмата треба да се реализира на отворено, за што имаме премалку време. Затоа побаравме барем дел од следната година да ни се овозможи реализација на програмата – вели Михајло Петрески, задолжен за култура во Општина Кичево. З.А.