Славниот шпански сликар Пабло Пикасо, еден од најзначајните уметници на 20 век, исто така беше филозоф, истражувајќи интересни мисли за животот. Во продолжение прочитајте седум совети на Пикасо за тоа како да си го направите животот поинтересен.
1. За да направите нешто, мора да верувате: Сѐ што можете да замислите, можете и да постигнете. Кога мислите дека сте способни да направите нешто, вашата перцепција за тоа се менува. Вашата перцепција за себе исто така се менува. Без таква промена, тешко е да се најдат храброст, мотивација, ентузијазам…
2. Поместете ги вашите граници: Јас секогаш го правам она што не знам како да го правам! Турнете се напред. Само тогаш можете да постигнете успех. Никогаш не кажувај си: не можам да го направам тоа, не знам како да го направам тоа. Пробајте, само обидете се.
3. Не чекајте инспирација за да започнете нешто: Инспирацијата постои, но доаѓа само за време на работата. Започнете со работа, а потоа уживајте во инспирацијата што следува.
4. Преземете акција: Одложете го за утре само она што сакате мртов да го завршите. Акцијата е клучот за успехот. Без акција нема успех. Ако се движите ќе пристигнете. Но ако седите, ништо нема да се промени.
5. Поставете си ги вистинските прашања: Другите видоа што се случило и прашаа зошто. Јас видов што би можело да се случи и прашав зошто да не. Поставувајте си позитивни прашања. Ако ви се случи нешто негативно, секогаш запрашајте се што е доброто во сето тоа?
6. Не осудувајте: Кога само би можеле да се ослободите од мозокот и да ги користите само очите. Обидете се што помалку да ги анализирате настаните и луѓето околу вас и ќе видите како животот ќе ви стане полесен.
7. Не е доцна: Младоста не е една година! Не дозволувајте општеството да ви диктира што можете, а што не можете да правите поради вашата возраст. Во повеќето случаи, староста е само во вашиот мозок.