Националната галерија информира дека со оглед на случувањата поврзани со потенцијалното ширење на коронавирусот и мерките на претпазливост кои ги препорача Министерството за здравство, е откажано отворањето на две изложби во Чифте амам.

Сите посетители, почнувајќи од утре, во стандардите термини од 10 до 18 часот,
секој ден од вторник до недела (освен понеделник) ќе можат индивидуално да ги погледнат изложбите во Чифте амам.