Во Венеција синоќа беше отворено 75-то издание на наjстариoт филмски фестивал во светот, со филмот „First Man“ на американскиот режисер Демијен Шазел.

„First Man“  е биографската сага за Нил Армстронг – првиот човек што стапна на Месечината, а главната улога ја има канадскиот актер Рајан Гослинг.

За разлика од филмот „Гравитација“, со кој Шазел го отвори фестивалот во 2013 година и кој остави впечаток со ефектите на лебдење во Вселената, во новиот филм, Армстронг е затворен во капсулата и го следи своето приближување до Месечината.

Во главната конкуренција се вклучени 21 филм ос Европа, Јапонија, Австралија и Американскиот Континент. Фестивалот ќе биде затворен, исто така, со биографија – филмот „Driven” за подемот и падот на американскиот автомобилски конструктор Џон Делоријан, во режија на Британецот Ник Хам.

Британската актерка Ванеса Редгрејв го доби „Златниот лав” за животни достигнувања.

Во жирито, освен Дел Торо, се наоѓаат австралиската актерка Наоми Вотс, Тајванката Силвија Ченг, Данката Трине Дирхолм, Французинката Никол Гарсија, полската режисерка Малгожата Шумовска, новозеландскиот режисер Таика Вајтити, Италианецот Паоло Џеновезе и австрискиот актер Кристоф Валц. Соодносот жени наспрема мажи е 5:4, поради промовирање на Повелбата 50/50 до 2020, која има за цел – полова еднаквост и еднакви можности во филмската индустрија.

Американска пејачка Лејди Гага е една од највпечатливите фигури на настанот. Таа ја има главната улога во режисерското деби на актерот Бредли Купер, преработката на филмската класика „Ѕвездата се роди“. 

Првиот кино фестивал во Венеција се одржа август 1932 година.