Во рамките на Саемот на книгата 2019, АРС СТУДИО, како застапник на реномираната издавачка куќа „MM Publications“, има чест да ги претстави и да ги понуди нивните иновативни и едукативни материјали за изучување на англискиот јазик кои веќе многу години се наоѓаат на повеќе од 110 пазари ширум светот.

„MM Publications“, како издавачка куќа чија специјалност е издавање креативни и квалитетни книги, учебници и други материјали поврзани со наставата по англиски јазик, нуди повеќе од 3.000 производи.

Нивните учебници и книги ги опфаќаат сите возрасни групи и сите нивоа на изучување на англискиот јазик и се направени во согласност со најновата методологија на предавање.

Како дел од програмата, АРС СТУДИО и „MM Publications“, им нудат одлична можност на сите заинтересирани да им се придружат на отворените денови на „MM Publications“ на штандот на АРС СТУДИО, 10-12 мај, 12:00-20:00 и самите да се уверат во квалитетот на учебниците и на дополнителните учебни материјали.